1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН – клима

27 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BYG5

Во Виена денеска почнува конференција на ОН на која учествуваат околу илјада експерти за климата. Тие треба да разговараат за поголемо почитување на климатските аспекти и да дадат препораки за претпријатијата и јавните установи во однос на заштитата на климата. Во очи на средбата, раководителот на Одделот за клима на ОН, Иво де Боер побара идниот економски пораст во светот да биде постигнат со почитување на правилата на заштита на климата. Средбата во Виена е една од серијата подгтовителни средби пред самитот за климата што треба да се одржи во декември на индонезискиот остров Бали.