1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН - Косово

27 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag9j

Косовскиот премиер Агим Чеку по средбата со претставниците на мисијата на Советот за безбедност во Приштина изјави дека Косово е подготвено за самостојно управување и оти нема причина да се чека усвојувањето нова резолуција за стаусот на на покраината. Според Чеку, нема потреба да се бара друго решение освен она што го предложи специјалниот претставник на Обединетите нации, Марти Ахтисари. Инаку, шефот на мисијата на Советот за безбедност, Јохан Вербеке, изјави дека делегацијата нема да остане во Приштина, туку ќе оди во уште неколку места, вклучувајќи ја и Косовска Митровица.