1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН - Косово

27 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag9r

Мисијата на Советот за безбедност на ОН чија цел е да ја провери ситуацијата на теренот пред расправата за идниот статус на Косово, денеска разговара со претставници на косовските власти и на малцинствата. Според шефот на мисијата, Јохан Вербеке, делегацијата на Советот за безбедност нема да остане во Приштина, туку ќе оди во уште неколку места, вклучувајќи ја и Косовска Митровица. Претходно мисијата на ОН престојуваше во Белград. Во сабота делегацијата треба да замине за Виена, каде треба да се сретне со специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари. Денеска, инаку, на неформалната средба на НАТО во Осло, треба да стане збор и за Косово. Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, изјави дека стабилноста на Балканот не може да се подобри доколку се одлага решавањето на статусот на Косово.