1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН-Косово

16 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BIld

Во Советот за безбедност на ОН денеска треба да се одржат консултации за најновата предлог резолуција за идниот статус на Косово. Членките на Советот зад затворени врати ќе го разгледуваат текстот, предложен од страна на САД и ЕУ, кој предвидува дополнителни 120 денови преговори. По руските критики од резолуцијата беше изземен делот кој предвидуваше автоматско стапување на сила на предлогот на Марти Ахтиасраи доколку не биде постигнат договор. Косовскиот претседател, Фатмир Сејдиу, денеска изјави дека Косово се залага за усвојување на резолуција на Советот за безбедност која ќе го поддржи предлогот на Ахтисари, но дека постои подготвеност и за алтернативни патишта. Инаку, ЕУ синоќа повтори дека решението за Косово треба да се донесе преку Советот за безбедност. Унијата предупреди на опасноста од еднострано прогласување на независност или евентуална поделба на покраината.