1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН најверојатно ќе го спасуваат процесот на политичка обнова на Ирак

20 јануари 2004

ОН најверојатно ќе испратат мисија во Ирак за да помогнат да бидат разрешени барањата на Шиитите за одржување на директни избори. Ваквата најава на Светската Организација доаѓа како одговор на барањето кое вчера за време на повеќечасовните разговори до ОН го упатија претставниците на ирачките преодни власти и американската администрација во Ирак.

https://p.dw.com/p/AcQZ
Генералниот секретар на ОН Кофи Анан на прес- конференција истакна дека се потребни натамошни дискусии пред тој да може да донесе конечна одлука дали да го испрати тимот на Светската Организација во Ирак. Претставници на ОН во Њујорк соопштија дека Анан најверојатно најнепред ќе го сочека извештајот на четиричлениот безебедносен тим кој треба да оди деновиве во Ирак и да ја разгледа тамошната ситуација. Но дипломатите очекуваат позитивен одговор, велејќи дека принципиелна одлука веќе била донесена по долгиот состанок кој Анан го имаше со претставниците на Ирачкиот Владин Совет , американскиот администратор во Ирак Пол Бремер и британскиот претставник за Ирак, Џереми Гринсток.

САД кои го прескокнаа Советот за Безбедност на ОН кога одлучуваа за воената операција во Ирак , сега очекуваат од Анан и неговиот тим да го спаси процесот на политичка обнова на Ирак , кој треба да води до создавање на привремена ирачка влада до 30 јуни годинава. Американската администарција во Ирак нема предвидено избори да му претходат на формирањето на привремената влада , но затоа лидерите на најбројнито Шиитско населени веќе со денови низ протести бараат одржување на директни избори за новото национално собрание на Ирак и тоа во мај годинава.
"Сметам дека сите сме согласни дека избори ќе неопходни. И навистина има одредба која вели дека тие треба да бидат одржани во 2005-та. Прашањето сега е дали постојат технички , политички и безбедносни услови за одржување на генерални избори во земјата во мај годинава"-изјави Кофи Анан најавувајќи дека мисијата која најверојатно ќе ја испрати , ќе истражи условите за тоа, но и воопшто за можното враќање на персоналот на ОН во Ирак. Тие од таму си заминаа по самоубиствениот бомбашки напад врз нивното седиште во Багдад , во август минатата година во кој загинаа 22 лица , меѓу нив и специјалниот пратеник на Светската Организација за Ирак, Серџо Виера Де Мело.

" Генералниот секретар се согласи најсериозно и што побргу да го разгледа тоа барање. Како што истакна ќе бидат потребни натамошни техничкли консилтации кои ќе започнат веднаш. Ние се надеваме дека генералниот секретар веднаш ќе донесе одлука за тоа барање на Ирачкиот Владин Совет кој како и Американската администрација во Ирак се надева дека ОН ќе се вратат во Ирак да играат улога во неговата обнова . И ние се надеваме дека тоа ќе се случи наскоро"-изјави по разговорите со Анан , американскиот администратор во Ирак Пол Бремер.
ОН , како што велат дипломати таму , сакаат да се вратат во Ирак и да одиграат улога во натамошниот процес на стабилизацијата на земјата. Тоа пред се ќе зависи од безбедносните услови , но светската Организација е заинтересирана и да добие јасен мандат од Ирачаните и соседните земји за вклучувањето во процесот на обнова.