1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН немаат пари за помош за Сирија

ЕМФ/дв2 ноември 2012

Буџетот на Обединетите нации за помош за Сирија не е покриен ниту половина. Светската организација од државите членки побара 348 милиони долари, а досега доби само 45% од тој износ.

https://p.dw.com/p/16c0h
Фотографија: AFP/Getty Images

Ситуацијата со буџетот наменет за бегалците е уште полоша. Од побараните 488 милиони долари, ОН досега имаат добиено само 29%. Повиците за донирање средства што ОН ги упатуваат до земјите членки не се обврзувачки. Бројот на бегалци во соседните земји во текот на изминатите две недели се зголемил од 340.000 на 362.000. Од 22 милиони Сиријци, 1,2 милиони се раселени во сопствената земја, а вкупно 2,5 милиони луѓе се упатени на помош однадвор.

Во меѓувреме, борбите во земјата продолжуваат, а сириските бунтовници, според сопствени наводи, го зазеле стратешки важниот регион Саракеб, на север на Сирија. Низ овој регион минуваат важни сообраќајници кои ги поврзуваат главниот град Дамаск и економската метропола Алепо, како и пристанишниот град Латакиа. Според наводи на Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, при освоувањето на позициите што ги држела сириската армија во Саракеб, биле целно убиени десет сириски војници. На видео снимка што ја рашиириле активисти за човекови права, се гледа како војниците се наредени во низа на земја, по што тие се навредувани и тепани, за на крајот да бидат убиени. Опсерваторијата за човекови права ја критикуваше постапката и соопшти дека бунтовниците не смеат тоа да го прават, исто како и владините трупи. Организацијата за човекови права Амнести Интернешнл ги критикуваше ваквите постапки како „можно воено злосторство“. ОН побараа истрага за случајот.

Syrien Bürgerkrieg Kinder vor geschlossenen Laden in Aleppo
Само во Сирија се раселени 1,2 милиони луѓеФотографија: PHILIPPE DESMAZES/AFP/Getty Images