ОН, Обединети нации

Обединетите нации се меѓународна организација која има за цел промоција на меѓународната соработка и одржување на меѓународниот поредок. Нејзиното седиште е во Њујорк, САД.

ОН се формирани на 24 октомври 1945 година по завршувањето на Втората светска војна, со цел да се спречат натамошни конфликти. Нејзин претходник е Друштвото на народите. Заклучно со 2017 година има 193 членки и две држави со статус на набљудувач. Генерален секретар од 2017 година е Португалецот Антонио Гутиереш. Организацијата има шест основни тела: Генералното собрание, Советот за безбедност, Економско-социјалниот совет, Секретаријат, Меѓународниот суд на правдата и Старателскиот совет (кој не е активен од 1994 година).

1 | 92