1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН сакаат поголем ангажман во Ирак

23 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bihe

Четири години по нивното повлекување од Ирак, ОН сакаат повторно да го засилат присуството во оваа земја. Според генералниот секретар на Светската организација Бан Ки Мун, тие повеќе сакаат да се вклучат во доменот на доставување хуманитарна помош и во насока на национално помирување, но нема да се ангажираат со поголемо присуство се додека не се подобрат безбедносните услови во земјата. На конференцијата за Ирак којашто се одржа во Њујорк, на која покрај петте постојани членки на СБ учествуваа и соседите на Ирак, Мун изјави дека се размислува и за отворање ново биро на ОН во градот Басра. ОН се повлекоа од Ирак по бомбардирањето на нивното биро во Багдад кога загинаа 22 лица. Меѓу нив беше и специјалниот пратеник Серџо Виера Де Мело.