1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН - Спор околу името

23 март 2007
https://p.dw.com/p/AgLM

Генералниот потсекретар на ОН одговорен за политички прашања Лин Песко е именуван за официјален претставник кој ќе се обиде да ги реши разликите меѓу Атина и Скопје околу употребата на името Македонија – објави весникот „Вашингтон Пост“

За именувањето на Песко информира и грчкиот весник Катимерини и дополнува дека нов предлог за името би можело да се очекува до крајот на годинава . Вчера во Вашингтон за спорот околу името разговараче и грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани и нејзината американска колешка по функција Кондолиза Рајс . Бакојани по средбата истакна дека ја информирала Рајс за грчките ставови околу проблемот и изрази уверување дека била разбрана од соговорничката. Портпаролот на Стејт Департментот Шон Меккормак потврди дека било разговарано за проблемот со името истакнувајќи дека Вашингтон знае дека Грција има друго име за северниот сосед , но САД го нарекуваат Македонија.