1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опаѓа поддршката на Турците за членство во ЕУ

12 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BF42

Опаѓа поддршката на Турците за членство во ЕУ. Последните анкети покажуваат дека 52% од населението, наспроти минатогодишните 54 одсто сметаат дека членството е „нешто добро“. Во 2004 година дури 75% од турското население изразиле поддршка за членство во Унијата. Турција ги започна преговорите за членство во 2005, но голем дел од 35 те поглавја во меѓувреме се замрзнати поради одбивањето на Анкара да ги отвори аеродромите и пристаништата за кипарските авиони и бродови.