1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОПЕК: Драстично намалување на производството на нафта

ЕМФ
10 април 2020

Поради драматично намалената цена на нафтата, ОПЕК и нејзините партнери, со исклучок на Мексико, договорија намалување на производството за десет проценти дневно.

https://p.dw.com/p/3ajwX
Symbolbild OPEC, Organisation Erdöl exportierender Länder
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Gindl

Мнозинството од најголемите светски производители на нафта постигнаа согласност за драстично намалување на производството на нафта, со цел да го запрат огромниот пад на нејзината цена на светскиот пазар. Согласноста постигната по долги и жилави преговори, сепак, се’ уште не може да стапи во сила, затоа што се’ уште нема согласност од Мексико.

Според договорот на ОПЕК, производството на нафта во мај и јуни би требало да се намали за по десет милиони барели дневно, што практично е околу 10 проценти од светското производство. Намалувањето ќе оди постепено. Во периодот од јули до декември, пак, намалувањето би требало да изнесува осум милиони барели дневно.

Повеќе:

Нафтена војна: Тешка грешка на Путин

Паника на нафтениот пазар по нападот во Саудиска Арабија

Турција и Кипар: Кавга околу ризницата со гас

Греење без јаглен, нафта и гас - можно ли е тоа?

Цената на нафатата во текот на изминатите недели падна на најниско ниво во последните 18 години. Причината за тоа е намалената побарувачка поради корона-пандемијата, како и војната за цената на нафтата помеѓу Русија и Саудиска Арабија.

Генералниот секретар на ОПЕК, Мохамед Баркиндо, изјави дека организацијата смета оти годинава побарувачката за сурова нафта ќе биде помала за околу 6,8 милиони барели дневно. Во вториот квартал од годинава, пак, намалувањето може да изнесува дури и 12 милиони барели дневно, оцени Баркиндо. „Тоа се вџашувачки бројки, какви што не се запаметени во новото време“, рече тој.