1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опозициската ГЕРБ победи на изборите за ЕП во Бугарија

21 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anx2

На првите избори во Бугарија за европскиот парламент според прелиминарните резултати победи новоформираната опозициска партија на десниот центар ГЕРБ. Партијата што ја предводи градоначалникот на Софија, Бојко Борисов освоила 21,69 насто, додека владејачката Социјалистичка партија , 21, 41 насто од гласовите. На трето место се наоѓа Партијата на Турците коалиционен партнер во владата со освоени 20 насто гласови. Инаку изборите беа одбележани од слабиот одзив. На гласање излегле помалку од една третина од граѓаните со право на глас . Бугарија од 1 јануари оваа година е полноправна членка на Европската Унија