1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опозицијата во Пакистан бара укинување на вонредната состојба

12 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CAPr

Опозицијата во Пакистан го повика претседателот Первез Мушараф да ја укине вонредната состојба пред одржувањето на парламентарните избори во јануари. Лидерот на опозицијата Беназир Буто изјави дека во спротивно изборната борба ќе биде многу тешка. По големиот меѓународен притисок и протестите на опозицијата Мушараф синоќа изјави дека изборите ќе се одржат на 9 јануари. Засега сеуште не се наведува термин за прекин на вонредната состојба. Мушара изјави дека вонредната состојба во земјата ќе остане на сила до денот на гласањето за да се обезбеди фер и транспарентен изборен процес. САД го критикуваа ваквиот став на Мушараф и побараа временска рамка за враќање на правата на граѓаните.