1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опозицијата подготвена за предвремени избори

ЖА/СН/миа/макфакс23 август 2012

Лидерите на ДПА и на СДСМ, Мендух Тачи и Бранко Црвенковски во одвоени изјави нагласија дека немаат ништо против предвремени избори во Македонија, доколку така решат партнерите во владината коалиција која е во криза.

https://p.dw.com/p/15vdc
Фотографија: DW

Лидерот на Демократската Партија на Албанците Мендух Тачи го поддржа ставот на Демократската Унија за интеграција за блокирање на донесувањето на закон за посебни права на бранителите.
„Подготвен сум да ги поддржам обидите на ДУИ да се спречи донесувањето на
овој лош закон и сериозно, доколку тие мислат дека овој процес може да се
блокира преку предвремени избори, јас сум подготвен да седнам со нив и да
разговарам за излез од оваа ситуација“, рече Тачи по средбата со американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер.

Претходно лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски нагласи дека прашањето за предвремени парламентарни избори е секогаш отворена опција за СДСМ.

„Посакуваме владината коалиција да опстои за овие партии заедно да ја поделат одговорноста и да ја дочекаат казната за погрешните политики, рече претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски по средбата со американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер.
Тој смета дека не се работи за реална криза во Владата, туку за евтин политички
пазар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Според Црвенковски, првиот логичен термин за одржување на изборите е март кога се очекува да бидат закажани локалните избори. СДСМ исто така бара да се донесат измените на Изборниот законик според препораките на ОБСЕ/ОДИХР и да се прочисти Избирачкиот список.