1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опозицијата ќе ги засили протестите во Скопје

СН/АТ/макфакс/миа1 февруари 2013

Наместо со блокада на три скопски крстосници, опозицијата во Македонија најави дека од недела своето незадоволство ќе го изразува преку секојдневен протестен караван.

https://p.dw.com/p/17WSI
Фотографија: AFP/Getty Images

Денеска е последниот ден на кој македонската опозиција собрана во „Сојузот за иднината“ ќе блокира три крстосници во оваа форма во Скопје. Следната недела активностите ќе се засилат на територијата на цело Скопје, со организирање секојдневен протестен караван, најави Гордан Георгиев, потпретседателот на СДСМ на денешните протести на опозицијата во Скопје.

„Почнувајќи од недела, со почеток во 12 часот ќе организираме ’Караван на отпорот’, кој ќе се движи по улиците на цело Скопје. Карванот ќе го започнеме во Аеродром, пред спортската сала ’Јане Сандански’, ќе трае еден час, а ќе заврши пред зградата на Владата на Република Македонија“, изјави Георгиев.

Активностите на „Сојузот за иднината“, нагласи, се’ повеќе ќе се засилуваат, се додека власта не сфати дека „политичката криза мора да се реши со политички договор и предвремени парламентарни избори“.