1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оптимизам за Ирак

5 мај 2007

Во египетското одмаралиште Шарм Ел Шеик вчера заврши меѓународната конференција за Ирак.

https://p.dw.com/p/AbxL
Кондолиза Рајс, на кофернецијата за Ирак
Кондолиза Рајс, на кофернецијата за ИракФотографија: AP

Се чинеше како сите учесници на конференцијата да се договориле да шират оптимизам. Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс беше дури расположена и за шега, па на прашањето зошто не се сретнала со ирачкиот министер за надворешни работи одговори „Зошто, морате него да го прашате, вообичаено не трчам по никого.“

Од конференцијата задоволен беше и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер „Оваа конференција за првпати по долги години отвара директен дијалог меѓу соседите на Ирак и Ирак, исто и меѓу самите соседи на земјата и верувам дека е важно бидејќи има многу централни проблеми, а безбедносната состојба е драматична и во меѓувреме ги надминува границите, затоа мора да се прават обиди да се најдат решенија, исто и во меѓунарони рамки и затоа вклучувањето на соседите е екстремно важно .“ рече Штајнмаер

Единствениот кој имаше поинакво мислење беше иранскиот министер за надворешни работи Манухер Мотаки. Тој жестоко ја нападна американската политика кон Ирак и зборуваше дека окупацијата на земјата не е оправдана. Но на крајот и тој беше потписник на завршната декларација, во која се утврди потребата од длабоки општествени и економски реформи како и национално помирување и поголема стабилност. Централна улога при тоа игра војската. Египетскиот министер Ахмед Абдул Геит за ова вели „Во декларацијата се нагласува колку е важно да и помогнеме на ирачката влада да формира национална војска која ќе ги обедини сите секти и групи народи. “

Во индина три работни групи ќе се занимаваат и со проблемот гранична контрола, со прашањето на враќање на околу два милиона бегалци како и потешкотиите при увоз на електрична енергија и бензин од соседните земји.

Значењето на соседните земји го потврди и шефот на америкаснката дипломатија Рајс

„Сега соседите имаат можност, да ги исполнат обврските за кои денеска се изјаснија. Пробивот е во тоа што во иста просторија беа сите соседи на Ирак, заедно со меѓународната заедница за да се утврди што треба да сторат за стабилноста.“

За средбата со нејзиниот сириски колега Рајс рече и дека е постигнат напредок по прашањето подобра гранична контрола, а со Иран сеуште нема контакт на амбасадорско ниво. Инаку САД на двете земји им префрлуваат дека пружаат поддршка за ирачките бунтовници.

Наредна цел останува оддржување на нова меѓународна конференција за Ирак. Сега за сега не се знае кога ќе се оддржи.