1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оптимизам за решение на должничката криза во САД

31 јули 2011

Демократите и републиканците во САД и натаму бараат компромис за решение на спорот околку подигање на границата за долговите.

https://p.dw.com/p/126ve
Фотографија: picture alliance/dpa

Шефот на демократите во Сенатот, Хери Рид го одложи тест-гласањето по предлогот на демократите за подигање на границата за долговите за неколку часови и тоа би требало да биде спроведено денеска. Со тоа доби на време за нови разговори зад кулиси. Рид изјави дека е оптимист, оти може да биде постигнато долгорочно решение за должничката криза.

Претсавничкиот дом, во кој мнозинство имаат републиканците во симболично гласање се изјаснија против еден постар предлог за компромис на демократите.

Доколку демократите и републиканците не постигнат согласност до вторник, 2. август за подигање на границата за долговите од моменталните 14,3 билиони долари, на САД им се заканува банкрот. Во тој случај рејтинг агенциите би ја намалиле кредитоспособноста на САД, што би имало економски консеквенции, кои би се почувствувале на пазарите ширум светот.

Автор: АТ/СН/ дв

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема