1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оптимизам кај германските стопанственици

25 април 2006

Вчера претпладне саемот во Хановер ги отвори портите за публиката. Еден од првите посетители беше германската канцеларка Ангела Меркел. Заедно со индискиот премиер Манмохан Синг, Меркел ги посети саемските штандови.

https://p.dw.com/p/AeLz
Од саемот во Хановер
Од саемот во ХановерФотографија: picture-alliance/ dpa/dpaweb

Хановер 2006, најголемиот светски индустриски саемот годинава почна со тапани и труби. Индиска воена капела се погрижи за добро расположение во саемската хала број 6 - таму каде индиските претприемачи ги изложуваат своите производи. Но добро расположение владее и во германското стопанство, бидејќи се смета оти постојат добри шанси да се профитира од индискиот бум. Јирген Туман, шеф на германскиот индустриски сојуз „Севкупно расположението го оценувам како многу добро. Во сите бранши се забележува зголемен влез на договори и според тоа ќе ја корегираме нашата прогноза. Сега очекуваме економски пораст од 1,8 проценти, и со малку среќа можеби ќе постигнеме и два процента.“

Ваквите прогнози го радуваат и германскиот министер за економија Михаел Глос, кој во Хановер дојде директно од енергетски форум во Доха и ја најде германската економија „ .... во добра форма. Имаме основа за оптимизам - се зголемува влезот на договори, експортот е во пораст, и конечно се купува повеќе опрема во земјата. Ова се позвитивни знаци. Сојузната влада работи на тоа и рамковните услови да се такви да останеме меѓународно конкурентни.“

Но идустриските сојузи гледаат поинаку. Тие стравуваат дека владата повтроно ќе притисне на кочницата за раст на конјуктурата, пред се со планираното покачување на данокот на додадена вредност. Ова би можело да се рефлектира во германската машинска индустрија, која во моментов трета година по ред бележи пораст. Сепак оваа индустриска гранка добрата форма ја презентира и во Хановер. Штефан Кине од претседателството на германскиот саем

„Мислам дека успеа, и на овој саем да ги преставиме регионите со висок раст во светот – Источна Европа, Иднија како земја партнер, Кина и Русија - каде има голема потреба за индустриски постројки. Веќе се потпишаа првите големи договори, така што веќе конкретно бележиме влез на евра и долари.“

Расположението во Хановер е толку добро, како што одамна не било, а моторот за пораст конечно е запален.