1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ослободени дел од патниците во либискиот авион

ЕМФ /агенции
23 декември 2016

Киднаперите на либискиот авион, кој принудно слета на Малта, се закануваат дека ќе го кренат во воздух леталото. Во меѓувреме, ослободени се дел од патниците.

https://p.dw.com/p/2UnXB
Malta Flugzeugentführung Airbus Afriqiyah Airways
Фотографија: Reuters/D. Z. Lupi

На снимките на малтешката телевизија се гледа како повеќе лица се симнуваат по скалите на авионот на либиската авиокомпанија Африќија Ервејс. Премиерот на Малта Џозеф Мускат на Твитер напиша дека засега се ослободени 25 жени и деца. Инаку, во авионот вкупно имало 111 патници (82 мажи, 28 жени и 1 дете) и 7 членови на екипажот.

Malta Flugzeugentführung Airbus Afriqiyah Airways
Фотографија: Reuters/D. Z. Lupi

Ербасот на Африќија Ервејс летал на релација Сабха-Триполи кога скршнал од курсот и во 11:32 часот слета во главниот град на Малта, Валета. Портпарол на владата на Малта за германската агенција ДПА изјави дека во авионот има двајца киднапери. Тие, како што јавуваат медиумите, се заканувале дека ќе го кренат во воздух леталото. Според медиумски информации, наводно се работи за приврзаници на либискиот властодржец Моамер ел-Гадафи, кој беше соборен од власт пред 5 години и убиен. Грабнувачите наводно бараат ослободување на синот на Гадафи, Саиф ал-Ислам. Тој во 2015 година беше осуден на смрт со стрелање, меѓу другото и поради поттикнување убиство и силување.