1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ослободени кинеските заложници во Ирак

22 јануари 2005

Паралелно со крвавите напади што зачестија пред одржувањето на ирачките општи избори наредната недела, ирачките бунтовници денеска ги ослободија осумтемина кинески државјави, на кои им се закануваа со убиство доколку Пекинг не го објасни присуството во Ирак.

https://p.dw.com/p/AcHz
Подготовки за ирачките избори
Подготовки за ирачките избориФотографија: AP

,, Ќе бидеме милосредни кон заложниците ако Кина им забрани на своите државјани да патуваат во Ирак,, иѕјавија милитантите на видео снимката која го потврди ослободувањето на кинеските заложници.

Веста дека по петденвно заложништво Кинезите се на слобода, ја потврди и владата во Пекинг. Бунтовничката група, која во вторникот ги киднапираше осумтемина Кинеѕи, претходно се закани дека ќе ги убие во рок од 48 часа доколу Пекинг не ги исполни нивните барања.

Билансот на жртвите од вчерашната крвава свадба во селото во блиѕина на Багдад, во меѓувреме се искаќи на 11 загинати и 27 повредени. Бомбаш самоубиец, според полицијата со амбулантно воѕило влеатл на една шиитска венчавка по што ја активирал експлоѕијата. Нападите на шиитската верска заедница зачестија воочи општите избори во Ирак, што треба да се одржат на 30 јануари. Шиитите ги поддржуваат иѕборите, за разлика од сунитите, кои се противат. Само во послчедните два бунтовнички напади врѕ шиитските муслимани, загинаа повеќе од 20 лица, а неколку десетици се повредени.