1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ослободен Хробог и неговото семејство

31 декември 2005

Германецот Јирген Хробог и неговото семејство, кои во средата беа киднапирани во Јемен, од пред неколку моменти се слободни, јави германската агенција ДПА.

https://p.dw.com/p/AcAD
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајмајер ја потвдрува веста за Хробог
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајмајер ја потвдрува веста за ХробогФотографија: AP

Гранбувачите, како што соопштија јеменските власти, ги ослободиле поранешниот државен секретар во германското министерство за надворешни работи, неговата сопрувга и тројцата синови.

Минситерството за надворешни работи во Берлин предмалку ја потврди таквата информација.Шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер на прес конференција во Берлин соопшти дека телефонски се чул со Хробог, кој му потврдил дека сите членови на неговото семејство се чувствуваат добро. Штајнмајер рече дека семејството се наоѓа под ѕаштита на јеменските власти и оти по нив ќе биде испратен приватен авион.

Утрото беше соопштено дека поради интерни несогласувања, киднаперите во последен момент ги прекинале преговорите со јеменските власти за ослободување на петчленото семејство.

Хробог, кој и самиот е експерт за спасувачки операции и таква функција вршеше и во поранешната црвено зелена влада на Герхард Шредер, заедно со неговото семејство минатата недела исчезна во Јемен, каде беше на туристичко патување. Петмината Германци биле киднапирани во еден ресторан, во мал град оддалечен 450 километри од главниот град Сана.