1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Османи очекува јасна ЕУ перспектива од Стратегијата на ЕК

5 февруари 2018

Во очекување на утрешното објавување на Стратегијата на Европската комисија за Западниот Балкан во Стразбур, македонскиот вицепремиер Бујар Османи вели дека очекува јасен сигнал дека Македонија има ЕУ перспектива

https://p.dw.com/p/2s8kW
Minister der neuen mazedonischen Regierung
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Македонската влада утре ќе го види конечниот текст на Стратегијата на Европската комисија за Западниот Балкан, но според досегашните сигнали, очекува јасна перспектива, вели вицепремиерот Османи. Предуслов за Македонија секако ќе биде затворање на политичките спорови со соседните земји. Доколку тоа се случи, Османи посакува „Македонија да добие можност да го достигне рокот заедно со Србија и Црна Гора доколку во меѓувреме успее да ги исполни критериумите".

Според македонскиот вицепремиер, Стратегијата претставува една од најважните инцијативи на Европската комисија за регионот на Западниот Балкан затоа што директно покажува дека Европската Унија го враќа фокусот на регионот и дека процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан е повторно високо на агендата на ЕУ.

Вицепремиерот Османи изрази очекување дека покрај Црна Гора и Србија, за кои се очекува да бидат наведени во Стратегијата како земји кои во моментов го предводат евроинтегративниот процес во регионот, во Стратегијата соодветно да бидат наведени и европските перспективи за Македонија и Албанија, кои би биле охрабрени, согласно со успешното адресирање на обврските, набргу да ги почнат преговорите за членство, и со тоа, да се приклучат на истиот колосек за влез во Унијата до 2025 година.