1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оставка на претседателот на ДИК

23 февруари 2011

Претседателот на македонската Државната изборна комисија Александар Новаковски попладнево (23.02.2011) поднесе оставка. Тој на функцијата дојде како кандидат на СДСМ.

https://p.dw.com/p/R3cR
Фотографија: DW

Александар Новаковски се повлече од функцијата, иако во писменото образложение тврди дека ДИК е подготвена за избори и оти тие можат да се организираат на фер и демократски начин. Во оставката до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, тој наведува дека причината за ваквиот чекор е тоа што била загрозена неговата непристрасност и доверба.

„Со оглед дека со последните случувања во целост е загрозена мојата непристрасност и доверба, која мора да ја има секој претседател на Државната изборна комисија, сметам дека треба да се повлечам од оваа функција во интерес на заштитата на кредибилитетот на ДИК и мојот досегашен професионален ангажман“, се вели во оставката.

Тој на функцијата дојде како кандидат на опозицискиот СДСМ и неофицијално се говори дека неговото повлекување е резултат на барање на Социјалдемократите откако во два јавни настапи искажа став дека избирачките списоци се прочистени и оти се неопходни дел од корекциите на Изборниот законик по сугестии на ОБСЕ, што во јавноста се толкуваат како ставови блиски на премиерот.

Автор: Александар Чомовски/ макфакс

Редактор: Жана Ацеска