1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оставка на шефот на опозициониот Сириски национален совет

ЕМФ/бета/афп24 мај 2012

Шефот на главната сириска опозициона коалиција, Сирискиот национален совет, Бурхан Галијун, функцијата ќе ја извршува додека не се избере негов наследник во јуни.

https://p.dw.com/p/151Nd
Фотографија: AP

Бурхан Галијун од порано предупредуваше дека ќе поднесе оставка поради критиките на негова сметка околу стилот на раководење и поделбата внатре во сириската опозиција. Сирискиот национален совет, кој важи за најголема опозициона групација во Сирија, е соочен со критики и поради тоа што колебливо се заложил за вооружување на бунтовниците кои се борат против режимот на Башар ал-Асад. Поделеноста на опозицијата во Сирија е една од причините кои западните земји ги наведуваат за својата воздржаност околу прашањето на снабдување на Слободната сириска армија со оружје.

Во соопштението издадено по дводневната средба во Истанбул, инаку, Сирискиот национален совет вчера (24.05) наведе дека „одбивањето на Дамаск да го спроведе планот на Анан и продолжението на бомбардирањето и насилството се смислен обид за уништување на мировниот план“. Советот ја повикува меѓународната заедница под итно „преку Советот за безбедност на ОН да усвои механизам кој би го приморал сирискиот режим да прекине со злосторства“, се наведува во соопштението.