1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Остар демарш од Западните земји за Белград

31 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bzhe

Германија, САД, Франција, Велика Британија и Италија и врачија демарш на српската влада поради изјавата на официјални лица за политиката на меѓународниот претставник во Босна и Херцеговина, Мирослав Лајчак. Демаршот следи по изјавите на српскиот премиер Воислав Коштуница во кои ги изедначува ситуацијата во Босна и Косово, и Дејтонскиот договор со резолуцијата 1244 на ОН. Српскиот премиер минатата недела го критикуваше Лајчак дека мерките што ги презел како и планот на Ахтисари за Косово имаат за цел да ја урнат резолуцијата 1244 и Дејтонскиот договор, односно дека водат кон прогласување еднострана независност на Косово и укинување на Република Српска. „Тоа е отворена закана за суштинските интереси на српскиот народ,“ се вели во изјавата на Коштуница.