1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Остар протест до германската амбасадорка

Горан Петревски16 март 2009

Македонското министерство за надворешни работи вчера (недела) ја повикало германската амбасадорка во Скопје, Урлике Кноц да и врачи остар протест поради нејзината спорна изјава дадена на Педагошкиот факултет во саботата.

https://p.dw.com/p/HDef
Фотографија: dpa Zentralbild

Амбасадорката Кноц, за време на одржувањето на симулациска игра „Создаваме нова Европа“ во Педагошкиот факултет во Скопје во која учестуваа студенти од повеќе балкански земји, ја пренесе визијата за Македонија во 2020 година на младите луѓе кои учествувале во проектот.

„Во 2020 ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име- ’Северна Македонија’. Владата ќе биде составена од партија со име ’Нова мекедонска партија’, во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе го зборува македонскиот јазик, што е случај и денеска, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик што ќе го учат уште од детски градинки. Мислам дека ова е убава визија за земјата. Не е нереална, не е утопија. Може да се направи и пред 2020 ако се работи на политички план“, кажа амбасадорката Кноц.

deutsche Botschaft in Skopje verleiht Auszeichnung an Srgan Kerim
Амбасадорката Улрике Кноц (архива: на фотографијата десно)Фотографија: Petr Stojanovsk

Денеска германската амбасада во соопштение ја дообјаснува изјавата на Кноц.

„Изјавите никако не ја опишуваат германската политика спрема Mакедонија“.

Освен вложениот протест македонското министерство за надворешни работи и укажало на амбасадорката Кноц да се држи во рамките на своите овластувања и надлежности и да не излегува од својот дипломатски мандат.