1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Остри критики од ЕУ и ОН на сметка на Израел

28 септември 2011

Европската унија и ОН ја критикуваат одлуката на Израел да продолжи со изградба на еврејските населби во Источен Ерусалим.

https://p.dw.com/p/12iBM
Поглед на источниот дел на ЕрусалимФотографија: AP

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изрази жалење за одлуката на Израел да продолжи со изградба на еврејските населби во Источен Ерусалим. Таа потсети дека мировната четворка за Блискиот Исток (САД, ЕУ, Русија и ОН), која во петокот ги повика Израелците и Палестинците да ги обноват преговорите, побарала од двете страни да се воздржат од секаква провокација.

Помошник генералниот секретар на ОН за политички прашања Лин Паскоу, исто така, упати критика за одлуката на израелските власти за изградба на 1.100 нови домови во еврејскиот кварт Гило во Источен Ерусалим.

„Решението донесено од комисијата за урбанизација за продолжување на изградбата на голем број куќи во Источен Ерусалим е загрижувачко“, додаде Паскоу пред Советот за безбедност на ОН.

Израелското Министерство за внатрешни работи претходно соопшти дека одобрило изградба на 1.100 нови домови во еврејскиот кварт Гило во Источен Ерусалим.

Автор: ЖА/ АТ/ миа

Редактор: Горан Чутаноски