1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осуда за нападот во Кабул

19 август 2011

Британската влада остро го осуди самоубиствениот напад врз британската канцеларија за култура т.н Британски совет во авганистанскиот главен град Кабул. Најмалку осум лица ги загубија животите во овој атентат.

https://p.dw.com/p/12Jqa
Припадници на авганистанската полиција на местото на нападитеФотографија: dapd

Државниот секретар во британското министерство за надворешни работи Алистер Барт изјави дека атентатот е „достоен за презир“. Нападот го осуди и германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле.

Група атентатори самоубијци влегоа во британскиот институт и убија најмалку осум лица. Притоа имало најмалку две експлозии, потврди портпаролот на воените сили на НАТО во оваа земја, Џејсон Вагонер,

Престрелките се‘ уште траат, поради тоа што најмалку еден атентатор е забарикадиран се‘ уште во објектот. Нападот се случува на денот кога Авганистан пред 92 години прогласи независност од Велика Британија.

Британскиот совет, инаку е водечка британска организација за образовни и културни врски, која свои канцеларии има во повеќе од сто земји.

Автор:ЕМФ/ СН/дв/мф

Редактор: Симе Недевски