1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осуда и потрвда за Мурси

АТ/ дпа/ афп/ ртр/ дапд25 ноември 2012

Со неговата одлука за поголема власт претседателот на Египет Мохамед Мурси пожнеа меѓународна критика. Во земјата исто така се протестира против него. Единствено Муслиманското братство стои зад Мурси.

https://p.dw.com/p/16pTn
Фотографија: Reuters

Судиите во Египет поради протест против одлуките на претседателот Мохамед Мурси повикаа на штрајк ширум земјата. Судиите и државните обвинители треба веднаш да прекинат со работа, соопшти вчера т.н. „Џаџис клаб“. Ова здружено го повика Мурси, да ги повлече неговите декрети и повторно да го врати на функцијата разрешениот генерален државен обвинител Абдел Магуд Махмуд.

Исламистот Мурси во четвртокот со декрет усвои, меѓу другото неговите одлуки да не можат да бидат правно оспорувани се’ до изборот на нов парламент.

Се’ додека Мурси не го отповика овој декрет, не е можен дијалог со претседателот, изјави опозициониот политичар и носител на Нобеловата награда за мир Мохамед ел Барадеј. „Нема место за дијалог, кога еден диктатор донесува потиснувачки и грозни мерки“. Тој се надева на дека неговата земја нема да западне во „ѓаволскиот круг на насилство“, нагласи Ел Барадеј.  70 годишниот Баредеј се смета за еден од водачите на египетското демократско движење.

Ägypten Demonstration auf dem Tahrir-Platz in Kairo Mohamed El Baradei
Мохамед ел БарадејФотографија: dapd

Проширувањето на овластувањата на претседателот наиде на критика и во меѓународни рамки. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле го повика Мурси, да ја почитува поделбата на власта. Тој се залага за продолжување на процесот во правец на демократија, социјално и економско учество. Мурси би морал свеста за одговорност, која ја покажа во посредувањето меѓу Израел и Хамас, да ја примени и во Египет.

Вчера во Каиро повторно дојде до судири меѓу младите демонстранти и полицијата, кои протестираа против политиката на претседателот. Исто така и во јужниот град Асиут избија судири. Противниците на Мурси и членовите на Муслиманското братство употребија палки и меѓусебно се гаѓаа со камења, при што беа повредени најмалку седум лица.

Муслиманското братство ги повика своите членови денеска на солидарна манифестација за претседателот Мурси. Исламистите би требало да се соберат на плоштадите во градовите и селата, што би можело да претставува нов предизвик за силите за безбедност во земјата.