1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осуда на нападот во Египет

2 јануари 2011

По крвавиот напад врз коптските христијани, илјадници луѓе учествуваа во погребот на жртвите, кој се одржа во манастирот Мармина во египетскиот град Александрија.

https://p.dw.com/p/zsew
Протести по нападот во АлександријаФотографија: picture alliance/dpa

Во самоубиствениот напад, веднаш по почетокот на Новата година, атентаторот со себе во смрт однесе 21 човек и рани речиси 80. Според министерството за внатрешни работи во Каиро, нападот се случил пред една црква, каде биле собрани околу илјада верници на новогодишна богослужба.

Hosni Mubarak
Хосни Мобарак: „Оние кои мислат дека ќе поминат неказнето, се лажат.“Фотографија: picture-alliance/dpa

Египетскиот претседател Хосни Мубарак смета дека зад нападот стојат странски терористи:

„Ќе им порачам на терористите кои планираат вакви напади против нас, дека ние ја добивме битката против тероризмот и во 90-те години. Оние кои мислат дека ќе поминат неказнето, се лажат.“

Американскиот претседател Барак Обама и ополномоштеникот на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон остро го осудија нападот. И папата Бенедикт Шеснаесетти во својата неделна молитва го осуди нападот врз коптските христијани во Египет.

Автор: ЖА/ЕМФ/дв

Редактор: Жана Ацеска