1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осуммина противници на Путин прогласени за виновни

ЕМФ/дв21 февруари 2014

Судот во Москва прогласи за виновни седуммина мажи и една жена за поттикнување насилство против државата. Казната ќе биде соопштена во понеделник - по завршувањето на ЗОИ во Сочи.

https://p.dw.com/p/1BDVt
Фотографија: Reuters

Обвинителството за осумтемина противници на Путин бара казна од 5 до 6 години во работен логор (на фотографијата - осудените Сергеј Удалцов и Леонид Расвошаев). Тие се прогласени за винови поради тоа што на 6 мај 2012 година учествувале на масовни демонстрации против Владимир Путин. Тоа беше денот пред Путин да биде по трет пат инаугуриран на функцијата претседател.

Според обвинителството, критичарите на Кремљ на плоштадот Болотнаја во Москва поттикнувале на насилство против полицијата. Противниците на власта пак, тврдат дека насилството почнало од страна на безбедносните сили.

Moskau Urteil Massenproteste im Fall Bolotnaya Platz
Полицијата приведува демонстрант пред судотФотографија: picture-alliance/dpa

Борците за човекови права сметаат дека судската постапка била политички процес каков што немало во поновата историја на Русија. Тие оценуваат дека процесот треба да биде предупредување до противниците на Путин дека тој не дозволува никаков отпор против неговото владеење.

Пред зградата на судот денеска (21.02) беа собрани околу 1000 поддржувачи на обвинетите. Демонстрантите извикуваа „Срамота“ и „Слобода за политичките зтавореници“. Притоа, дојде и до кошкања со припадниците на силите за ред. На демонстрациите пред зградата учествуваа и две членки на панк групата Пуси Рајот, како и критичарот на Путин, Алексеј Навални.