1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворена најдолгата супер-брза железничка линија во светот

СН/ЖА/дапд/афп26 декември 2012

Во Кина денеска беше пуштена во употреба најдолгата железничка пруга за супер- брзи возови во светот, меѓу Пекинг и главниот административен центар на јужната провинција Гуандонг, градот Гуангжу.

https://p.dw.com/p/17923
Фотографија: picture-alliance/dpa

Трасата која е долга 2.298 километри го поврзува главениот град Пекинг со економската метропола Гуангжу на југот на земјата. Возовите кои ќе сообраќаат по неа достигнуваат брзина до 300 километри на час и за минување на дестинацијата им се потребни 8 намести досегашните 22 часа. По должина на линијата возовите ќе застануваат во сите поголеми градови. Според наводите на државните медиуми 26 декември симболично бил одбран за датум за отворање на железничката линија, бидејќи денеска се одбележува роденденот на основачот и долгогодишен комунистички лидер на Народна Република Кина, Мао Цетунг. Кина само пред пет години започна со изградбата на својата железничка мрежа за супер брзи возови, а по само три години располагаше со најголемата ваква мрежа во светот во вкупна должина од 8358 километри. До 2020. година таа треба да биде двојно зголемена на вкупно 16 илјади километри. До 2015. година според планот на Државниот совет на Народна Република Кина треба да биде завршена изградбата на четири главни магистрали, кои ќе бидат дел од главната мрежа на брз железнички транспорт. Две од нив ќе ја поврзуваат земјата од исток кон запад и две од север на југ.

Bildergalerie Hochgeschwindigkeitszüge China CRH380
Фотографија: Reuters