1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворен индустрискиот саем во Хановер

24 април 2006

Германската канцеларка Ангела Меркел и индискиот премиер Манмохан Синг вчера вечер го отворија саемот во Хановер. На најголемиот идустриски саем во светот годинава 5.200 излагачи од 66 земји ги покажуваат најновите трендови и технологии во областа на идустријата и производството. Земја партнер на саемот оваа година е Индија.

https://p.dw.com/p/AeM0
Меркел и Синг во Хановер
Меркел и Синг во ХановерФотографија: AP

На отварањето на саемот во Хановер, индиска танчерска група се престави пред проминентните личности од политиката и економијата – бидејќи Индија годинава е земја партнер на саемот. Земјата на саемот му се презентира на светот, па затоа во Хановер пристигна лично и премиерот Манмохан Синг, еден од татковците на економските реформи во Индија која во моментов бележи таков еконосмки пораст за кој другите може само да сонуваат.

„Индија ја гледа Германија како една од водечките сили во науката, технологијата и културата во светот. Сеуште добро се сеќаваме на помошта од Германија по стекнувањето независност во 1947 година. Германските фирми сеуште играат важна улога во технолошката модериназација на Индија. Логото „мејд ин џермани“ за нас е синоним за највисок квалите и најмодерна технологија.“ рече Синг кој на Германија и посака успех и среќа на престојотното светско фудбалско првенство и со тоа ја израдува германската канцерака.

Ангела Меркел од своја страна укажа на засилена соработка меѓу Германија и Иднија во сферата на науката, истражувањето и енергетската политика. „Чувствуваме дека прашањето - како сите земјите може да бидат опремени со разумна енергетска база? е едно од централните прашања на 21 век. Разговаравме дека економски пораст од 7, 8 или 9 проценти се разбира се доверлива енергетска база како предуслов за земјите да може да соработуваат и да се развиваат. Ова важи за Инидја и за сите дрги региони на развој во Азија. Затоа темата енергетснка ефикасност има едно од најголемите значења.“ рече Меркел

На саемот во Хановер 5.200 излагачи од 66 земји ги покажуваат најновите производи и треднови во областа на индустријата. Шест недели пред почетокот на светското фудбалско првеснтво, овој саем претставува светско првенство за идните технологии во областа на индустријата.