1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворен патот за нови избори

1 јули 2005

Коментар на Волтер фон Тизенхаузен

https://p.dw.com/p/AcEM
Шредер го образложува барањето за гласање недоверба
Шредер го образложува барањето за гласање недовербаФотографија: AP

Германскиот Бундестаг денеска донесе значајно решение. На дневен ред беше прашањето за доверба на сојузниот канцелар. Парламентот јасно се обедини, токму така како што сакаа Герхард Шредер и раководството на СПД. Она што наликува дека е парадоксално, има јасна цел: да се одржат нови избори за парламентот.

Германскиот канцелар Герхард Шредер успеа. Јасното „не„ на германскиот Бундестаг на од него поставеното барање за доверба, го ослободи патот за нови избори. Конечното решение меѓутоа, е кај сојузниот претседател Хорст Келер. Тој има време од три недели да ги одмери аргументите на канцеларот и вистинската политичка ситуација. Зашто, во суштина Герхард Шредер и натаму ја ужива довербата на неговата црвено-зелена коалиција. Тоа звучи толку противречно затоа што оние што му ја ускратија довербата – пратениците на СПД и на зелените – ја потврдија всушност лојалноста кон канцеларот.

Според една пресуда на Уставниот суд ваквата вештачки издејствувана недоверба е дозволена ако, од една страна, сите политички сили сакаат нови избори, а од друга владата вистина се наоѓа во криза на способноста да владее. Оттаму, канцеларот Шредер со вредна за почит отвореност укажа на тешкотиите што му ги прават пратениците од сопствените редови. Тоа важи како за спроведувањето на реформите на пазарот за работа и во новата организација на социјалните системи за сигурност, како и за односите на Германија со Русија и Кина.

Вториот аргумент беше демохристијанското мнозинство во вториот дом: Бундесратот. Тој за многу прашања имаше решавачко право на влијание при донесувањето сојузни закони. Таму каде што неговиот глас има само продолжувачки карактер, може значително да ја забави брзината на донесувањето закони.

Токму затоа, образложението беше насочено како кон сопствените редови, така и на адреса на сојузниот претседател. За тоа зборува и полемичкиот тон на канцеларот дека на демохристијанското мнозинство во Бундесратот не му е до внатрешно-политички компромиси, туку до партиска политика обземена од власт.

Сојузниот претседател Хорст Келер пред се ќе го преиспита прашањето колку беше и е силен отпорот против реформската политика на канцеларот во сопствените црвено-зелени редови. Тоа што Герхард Шредер не ги премолча тие тешкотии, туку за нив отворено зборуваше, претседателот сигурно ќе го цени. Ако дојде до нови избори, како што посакуваат сите политички сили, тогаш Германците ќе се соочат со остра и поларизирачка изборна битка. Веќе сега некои од дебатите ги нудат првите навестувања.

Волтер фон Тизенхаузен