1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворен ЦеБИТ – нов импулс од саемот во подемот на ИТ-браншата

10 март 2005

Најголемиот светски саем за компјутери и комуникациона техника ЦеБИТ од денеска ги отвора портите за посетителите. Синоќа пред три илјади поканети гости од политиката и стопанството Саемот свечено го отворија германскиот канцелар Герхард Шредер и првиот човек на најголемиот германски софтверски концерн САП Хенинг Кагерман. Во саемските хали во Хановер до 16-ти март производи и иновации од дигиталниот с

https://p.dw.com/p/AePD
Германскиот канцелар Герхард Шредер го отвори најголемиот светски саем на компјутери
Германскиот канцелар Герхард Шредер го отвори најголемиот светски саем на компјутериФотографија: AP

�ет прикажуваат 6270 излагачи од 69 земји.

По кризата од периодот 2001-ва до 2003-та година, во областа на ИТ (информационата технологија) работите повторно чувствително се во нагорен тек и саемот треба да даде нови импулси. „Фирмите сметаат дека нивниот иден економски успех многу повеќе ќе зависи од тоа како-, а помалку од тоа со што ќе ги прават зделките. Продукт-иновациите го потиснуваат деловниот модел иновации како конкурентска предност“ – рече на отворањето Хенинг Кагерман, претседател на Управниот одбор на софтверскиот концерн САП. ИТ е технологија која влијае во секоја стопанска гранка и деловен процес, па поради тоа кога таа цути, влијае и врз економскиот успех на целото општество, рече понатаму Кагерман и експлицитно побара од канцеларот Шредер пофлексибилен пазар на работна сила и повеќе инвестиции во образованието.

Во ист тон зборуваше и Вили Берхтолд, претседател на БИТКОМ, здружението на германските производители од оваа област. Тој потсети дека во Европа се пронајдени работи како факс-уред, компјутер уште во 1936-та година од страна на Конрад Цузе, компакт-диск, стандардот МП3 за репродукција на музика и многу други нешта, но за жал, специјално Германците, доволно често беа претекнувани при преточувањето на тие иновации во пазарни продукти. Тоа мора да смени, рече Берхтолд, кој постави низа од конкретни барања пред канцеларот Герхард Шредер и едно начелно: „Поттикнувањето на иновациите и новата технологија не спаѓа само во сите цели на претпријатијата, ниту само во партиските програми. Тоа мора да биде поставено на едно повисоко ниво. Обврзувањето кон иновации мора да биде државна цел“ – рече Вили Берхтолд.

Канцеларот веднаш му одговори, објаснувајќи дека некои од барањата се во исклучива надлежност на покраините, а во едно во целост го поддржа - јасно се декларира против десетгодишни рокови за амортизација и отпишување на софтверски програми. „Тоа се желби што доаѓаат од сојузните покраини, тие сакаат роковите да се подигнат од три на 10 години. Сојузната влада нема да им се приклучи на таквите желби, туку ќе им се спротивстави, зашто ние сметаме дека е бесмислено токму во оваа област да се најде на дневен ред десетгодишно користење“ – рече канцеларот.

Шредер потсети дека државата и стопанството за истражувања и развој заедно одвојуваат 2 ипол процента од домашниот бруто-производ, што е далеку над просекот во Европа. Но, негова цел била да се инвестираат три проценти – Германија мора со својот образовен систем повторно да се врати на светскиот врв, рече канцеларот, означувајќи го тоа како една од најитните задачи.