1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Откажана седницата на Советот за безбедност на претседателот

Алексанадар Чомовски30 ноември 2006

Македонската влада напладне ќе одржи вонредна седница на чиј дневен ред се обврските од самитот на нАТО во Рига и барањето за поголемо учество на партнерите во мировната мисија во Авганистан

https://p.dw.com/p/Adah
Фотографија: aptn

На половина час пред почетокот откажана е седницата на Советот за безбедност што ја свика макеоднскиот претседател Бранко Црвенковски во Министерството за одбрана.Презакажана е за в недела.Симптоматичен е прекинот на врските меѓу двата кабинети.Дали е можно кабинетот на претседателот да не знаел дека премиерот Никола Груевски бил на пат во Германија и утринава не можел да слета од Рим.Втора причина за ненадејното откажување на седницата на Советот за безбедност е серијата синоќешни и утрински апсења на директори,адвокати и нотари,вмешани во големи скандали со прење пари,продажба на денационализирано земјиштте,злоупотреба при јавни набавки од државни пари.Притворени се генералниот менаџер на Т Мобајл Рубинчо Заревски,осомничен за можен криминал кога бил директор на Фондот за здравство.Тој важеше за човек од доверба на Црвенковски додека беше премиер.Отворени се скандалите Бачило,скапите плацеви во Скопје продавани за евтини пари.Не е достапен екс заменикот министер за економија Саша Андоновски,човек на екс владата на Бучковски.Пред истражниот судија ќе биде изведена и поранешната директорка на Катастар Алексова.Новата влада порешително тргна во битката и со урбаната мафија,зашто од вчера експресно почна судење за можни злоупотреби во Катастарот и инвеститорот на градежни објекти што се лоцирани како дивоградби.Борбата против корупцијата и ефикасноста на судството се важни политички критериуми за Агендата во ЕУ и НАТО,што после пораките од самитот во Рига треаше да биде и една од темите на презакажаната седница на Советот за безбедност.Претседателот Црвенковски предупреди на трезвеност.

-Македонија заедно со Албанија и Хрватска се сметатаат од страна на членките на НАТО за сериозни кандидати кои во 2008 година би требало да ја добијат поканата.И тоа се добрите пораки кои доаѓаат од Рига.Меѓутоа,јас би апелирал да се се создаде некое претерано самозадоволство и ликување.

Во експертските ставови со помалку еуфорија околу шансите во 2008 да се добие покана за НАТО се и на д-р Благоја Марковски:

-Република Македонија треба уште многу да направи,вклучувајќи го тука и одбранбениот сектор,за приближување до стандардите на НАТО.Јас во една изјава можеби престрого реков дека Македонија во овој момент не е подготвена да биде членка,оценува Марковски,доктор по одбранбени студии од Форумот за балканска безбедност.За попладне е закажана вонредна седница на владата на која најверојатно ќе се најдат на дневен ред обврските за испраќање поголеми контонгенти војници во Авгамистан по самитот на НАТО во Рига.