1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Откријте го одново светот со www.dw.de

3 февруари 2012

Нов програмски настап на ДВ: традиционално сигурните информации сега во нов дизајн, со нова онлајн-платформа и нова ТВ-понуда.

https://p.dw.com/p/13w9a

Од понеделник, 6. февруари 2012 година, Дојче веле (ДВ) оди во конкурентската битка на меѓународните медиумски пазари со нов лик во интернет и со нова адреса www.dw.dе, со нов единствен корпоративен дизајн и со темелно преработена телевизиска програма. „Овие промени се пресвртница за подобро медиумско присуство на Германија во светот“, вели Ерик Бетерман, интендант на ДВ.

Како експерт од Германија, ДВ си постави задача да им го даде вистинското место на важните настани и процеси, да ја одбјасни нивната меѓузависност и да понуди анализи. Новиот програмски лик на ДВ во сите медиумски видови треба да одговори на таквите аспирации.

dw.de - Новата интернет адреса

Новата интернет-страница ги интегрира сите понуди на ДВ обединувајќи ги дигиталните форми на текстовите, видеата, аудио-прилозите или интерактивните елементи. „Адресата dw.dе е поим за сигурни информации од Германија и квалитетни новинарски содржини на 30 јазици. Свежиот колоритен концепт и современиот дизајн му даваат на порталот симпатичен лик“, резимира интендантот.

Erik Bettermann
Интендантот на Дојче Веле, Ерик БетерманФотографија: DW

Настапот на ДВ во интернет покажува еден сигурен интерактивен концепт: содржините се тематски насочени и токму така подредени, како што тоа го очекуваат корисниците. Уредувањето на страниците нуди повеќе место за фотографии, видео-елементи и бекграунд информации за темите на денот - повеќејазично и мултимедијално.

Медиа центарот, медиатеката на ДВ, е поврзана со интернет-страницата dw.de. Така корисниците имаат директен пристап до видео- и аудио-прилозите и до фото-галериите од богатиот мултимедијален архив на ДВ со прилози, емисии и цели тематски серии.

Заокружен настап како бренд

Со новата интернет- и телевизиска понуда Дојче веле го поврзува и новиот настап како бренд. Се’ повеќе земји сакаа да имаат удел во градењето на мислењето на светската јавност и се трудеа да го придобијат вниманието на публиката, вели интендантот. „Во таков фон новиот настап како бренд е битна инвестиција за успешно присуство на меѓународните медиумски пазари“, вели Бетерман. И многубројните нови технички платформи и канали за дистрибуирање бараа концепти за заокружен лик, кој е препознатлив и лесен за наоѓање.

Deutsche Welle Relaunch Startseite Deutsch
Новиот изглед на почетната страница на ДВ на германски јазикФотографија: DW

Дојче веле го прилагоди својот лик на таквата ситуација и натаму ќе настапува со ново лого, кое ја обединува севкупноста на неговите новинарски понуди - на сите континенти, на сите јазици и во секој медиумски вид.

Новитети во телевизиската понуда на ДВ

И во областа на телевизијата ДВ отсега натаму нуди нови канали и емисии, во нов дизајн. Програмата, како и досега, редовно информира за најважното од случувањата. Покрај тоа, ДВ нуди и магазини, репортажи и раскошни документации за различни тематски области. Информации за најбитното во врска со ТВ-програмите на германски, англиски, шпански и арапски јазик од 6-ти февруари ќе најдете на интернет-адресата www.dw.dw/tv .

Срж на обемната реформа на германската телевизија наменета за странство е подоброто обраќање кон целните групи преку нови јазично дефинирани канали, регионализација на програмите и нова разноличност на мултимедијално применливите програмски формати. Така, ДВ од 6. февруари 2012 година ја проширува телевизиската програма на шпански јазик за Латинска Америка од 2 на 20 часови дневно.

Neues Logo DW
Новото лого на Дојче ВелеФотографија: DW

Заедничка акустична визит-карта

За прв пат во историјата на ДВ сега има и идентична музичка спојка за обата медиума. Радиото и телевизијата заеднички подготвија една „акустична визит-карта“, во која чујно се открива новиот единствен дизајн на брендот Дојче веле. Музичкиот мотив е таканаречената Station-ID, со варијации на таа тема за различна примена на радиото и телевизијата.

Како Ви се допаѓа новиот изглед на ДВ?

Имате ли прашања или сугестии? Тогаш пишете ни на: service@dw.de . Како се вклопува актуелниот лик на ДВ во Вашиот личен свет - најдобро самите покажете ни: им се радуваме на снимки од Вас и логото на ДВ, од сите делови на светот - печатени, насликани, извајани. Покажете ни на какви тури Ве придружува ДВ. Од сите што ќе ни се јават, ќе извлечеме тројца што ќе добијат iPad 2, како и дваесетмина што ќе го добијат новиот смартфон Nokia Lumia 710. Повеќе за ова ќе дознаете на www.dw.de/mydw .

Автор: Биргит Герц/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска