1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ото ( Шили ) го поддржува Ото ( Рехагел )

7 јули 2004

Стратегијата на германската фудбалска рапрезентација за Светското првенство во фудбал во 2006 година сеуште не е јасна, но при организацијата на ова големо збиднување Германија сака да биде “Светска класа” .

https://p.dw.com/p/Aemw
Ото Рехагел со победничкиот пехар
Ото Рехагел со победничкиот пехарФотографија: AP

Јачината на германскиот фудбал во моментов не е на зелениот терен, туку повеќе при организацијата. За подготовките за Светското фудбалско првенство во 2006 година во Германија, министерот за внатрешни работи на Германија Ото Шили денеска во кабинетот можеше да каже радосна вест.

“Можеме да бидеме многу задоволни, бидејќи целосно се придржуваме до планот за ова важно збиднување.”

За наредното Светско првенство, кое своето финале ќе го има за две години во Берлин, Гермнија има намера да го понуди најдобриот стандард во светот. Министерот Шили истакна дека соработката со организациониот комитет и Франц Бекенбауер тече извонредно.

На 8 септември на реконструираниот олимписки стадион во Берлин ќе се оддигра пријателски натпревар меѓу Бразил и Германија, двете репрезентации со најмногу титули Светски првак.

За безбедноста на учесниците и гледачите ќе се грижи национален центар за информации и кооперација како и сите 16 германски републики.

Кратко по катастрофалниот исхот на германската рапрезентација на Европското првенство во Португалија, германскиот министер за внатрешни работи Ото Шили има специјален предлог при барањето на новиот германски тренер

“ Дека името Ото секогаш е поврзано со квалитет, тоа го знаете.”

Ото Рехагел, кој со грчката репрезентација ја освои титулата Европски фудбалски првак, во очите на министерот Шили би бил вистински наследник на Руди Фелер.