1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

151209 Klima Kopenhagen Minister

16 декември 2009

На конференцијата за климата во Копенхаген сега зборот го имаат министрите за животна средина на земјите-учеснички. Разговорите на министерско ниво ги отвори генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

https://p.dw.com/p/L3Rc
Бан Ки МунФотографија: AP

Бан Ки Мун, генералниот секретар на ОН, апелираше до министрите собрани во центарот „Бела“ во Копенхаген да бидат совесни. Времето на меѓусебни обвинувања треба да заврши. Не можат сите проблеми да се решат во последна минута, в петок, кога ќе пристигнат шефовите на држави и влади. „Знаеме што треба да направиме. Знаеме што очекува светот. Нашата задача е сега и овде да донесеме договор. Договор, кој ќе биде во наш заеднички интерес. Договор, со кој се редуцирааат штетните издувни гасови. Договор што ги штити најслабите и што ќе обезбеди нова ера на зелен развој и подем.“

Flash-Galerie Klimawandel Eisfläche am Nordpol
Фотографија: picture alliance / dpa

Потребна е меѓусебна доверба

Меѓу министрите за животна средина од целиот свет е и германскиот министер Норберт Ретген. Тој е неполни два месеци на функцијата, а веќе доби една важна задача: да изгради доверба меѓу индустриските земји и земјите во развој. Вторите стравуваат дека богатите земји ќе се обидат преку некои формулации во конечниот договор да ја избегнат одговорноста. „Сметам дека Германија има јасна позиција како дел од ЕУ и како индустриска земја. Но, се покажува дека земјите во развој ни‘ ја подариле довербата. Јасно е дека овде нема да се пресече јазолот, меѓутоа ќе се направат првите чекори за градење меѓусебна доверба, за да се подготви теренот за конечниот резултат од преговорите.“

Треба да се случи мало политичко чудо

Schweiz Klimawandel Morteratschgletscher
Фотографија: ullstein bild - Ex-Press/Adair

Сепак, конечниот резултат е се` уште далеку, бидејќи разликите во мислењата меѓу северот и југот се и натаму многу големи. Меѓутоа, земјите во подем мора да сфатат дека зелената технологија, наместо тешката индустрија, би била подобра за нив, вели Ханс-Јоаким Шелнхубер, главниот советник за климатски прашања на германската канцеларка: „Затоа и од економски причини и за земјите во развој е апсолутно потребно да преминат на зелен развој. Меѓутоа, тие се` уште мислат дека тоа е само колонијалистички трик на Западот. Од друга страна, пак, западните земји мора да бидат подготвени навистина да им пружат поддршка на земјите во развој. Само мора да се случи мало политичко чудо, што ќе помогне да се премостат овие разлики.“

Спогодбата во моментов најмногу зависи од САД и Кина. Двете земји со најголемо количество штетни издувни гасови, се обвинуваат меѓусебно дека прават премалку за заштитата на климата.

Автор: Хенрик Беме/Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска