1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Очекувана одлука на Белград

Рефки Алија/ Симе Недевски18 април 2012

Како во Косово се гледа на официјалната одлука на властите во Србија сепак да не организираат локални избори на Косово?

https://p.dw.com/p/14fi5
Фотографија: AP

Крстимир Пантиќ, претседател на општина Митровица на Косово, која е финансирана од Белград, изјавата на српскиот министер за Косово, Горан Богдановиќ за неодржување на српските локалните избори на територијата на Косово ја смета за очекувана. Според него, на тоа претходеше и изјавата на шефот на УНМИК, Зариф Фарид.

„Ова дефинитивно покажува дека владата на Србија во заминување не сака изборите да ги одржи на Косово и полека Косово им го препушта на Албанците. Среќна околност за Србите на Косово е дека оваа влада нема уште долго да трае и оти со новата влада политиката односно односот кон Косово и сите Срби без оглед дали живеат јужно или северно од реката Ибар ќе биде целосно поинаков“, смета Пантиќ.

Србите од северот на Косово сами ќе организираат избори?

Тој оценува дека неодржувањето на локални избори на Косово би бил и сигнал за дополнително признавање на независноста а би дошо , како што вели и до натамошно „тивко иселување на Србите, најнапред од средишниот дел а потоа и од северот на Косово“ .

„Меѓутоа она што е најважно да се каже е дека Србите од северот се компактни и поединствени отколку Србите јужно од Ибар и оти во две општини на северот , на кои им истекува мандатот, сосема сигурно ќе се оддржат локални избори, и ние очекуваме идната српска влада да ги признае резултатите од тие избори. Би сакале избори да бидат оддржани и во оние стрпски општини во кои постојат услови , бидејќи обврска на меѓународните организации присутно на Косово, пред се’ мислам на КФОР, е да го осигураат мирот и безбедноста за сите граѓани па со самото тоа и на денот на оддржување на локалните избори“, вели Пантиќ.

Hajredin Kuci
Косовскиот вицепремиер Хајредин КучиФотографија: DW

И за косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи, одлуката на Србија да се откаже од организирање локални избори на Косово била очекувана. „Очекувавме дека Србија ќе се откаже од организирање на локалните избори, знаејќи каква е реалноста на Косово. Од друга страна оддржувавме постојани контакти со меѓународната заеднива, која ни вети дека изборите не може да се оддржат“, изјави Кучи.

Откажување поради притисокот на меѓународната заедница

Дритон Лајци, професор на факултетот за политички науки во Приштина и колеџот „Мериленд“ во американската воена база Бондстил кај Урошевац, вели дека српските политички партии и институции до крај се подготвувале да организираат избори на Косово. Откажувањето од локалните избори на Косово, според него е резултат на големиот притисок на меѓународната заедница- САД, ЕУ, а со самото тоа и на УНМИК.

„Тоа пред се’ беше меѓународен консензус- да не се оддржат српски избори на Косово. Во еден дел тоа се оправдува со ставот дека тоа не е во интерес на Косово а во друг дел се вели дека тоа противречи на суверенитетот на Косово, на резулоцијата на ОН 1244... Секој го толкува тоа од сопствен агол“, укажува Лајци.

Откажувањето на Белград од изборите на Косово,Лајци не го смета за некоја голема победа на институциите во Приштина кои инсистираа на тоа:„Не мислам дека ова е некоја голема победа. Формална да но не и тактичка. Србија имено на северот на Косово има големо влијание. Незаконските институции на северот и натаму се присутни, таму оперираат српските политички партии. Тоа е повеќе формална победа бидејќи Косово и натаму ќе ги има проблемите кои ги имаше и досега. Српските институции и натаму овде ќе функционираат незаконски како впрочем и досега.“