1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Очекувања за натамошна соработка

7 мај 2007

Странските политичари му ја честитаа победата на претседателските избори во Франција на Никола Саркози,изразувајќи надеж дека ќе ја продолжи соработката со нивните земји.

https://p.dw.com/p/AdrS
Каква ќе биде неговата политика?
Каква ќе биде неговата политика?Фотографија: AP

Американскиот претседател Џорџ Буш на својот нов француски колега му честиташе телефонски веќе по неполн час по затворањето на избирачките места,јави СНН.Тој се радува на соработката и го цени пријателството меѓу двете држави,подвлече Буш.

Во фаза, која токму за Европа е решавачка,важно е да продолжи соработката изјави германската канцеларка и претседавач со ЕУ,Ангела Меркел.

„Ние разговаравме дека треба да продолжи и германско француската соработка,дека ќе биде интензивирана,на Никола Саркози му посакав многу упсех во неговата задача“,изјави Меркел во Берлин.

И германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во фокусот ги става билатералните односи со Франција,но и европскиот аспект:

„Се надевам на тесно германско француско партнерство.Франција е важен партнер во Европа,а се разбира,се надевам дека при соработката ќе произлезат напредоци во најважните европски проекти“,изјави Штајмаер.

Германскиот претедател Хорст Келер во телеграмата со честитки додаде:Само заеднички и со силна Европа можеме да се справиме со големите предизвици на нашето време.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо верува дека новиот шеф на Франција ќе игра решавачка улога во решавањето на прашањето за новата договорна основа за ЕУ.Јас го попзнавам добро Саркози и знам за неговите желби Франција во Европа да го заземе местото кое и припаѓа,рече Барозо.

Претседателот на Европскиот парламент Ханс Герт Петеринг очекува од новиот француски државен шеф супстанцијален придонес кон нужните реформи во ЕУ. Британскиот премиер Тони Блер беше меѓу оние кои најбрзо му честитаа на Саркози по победата.Разговорот бил многу пријателски и срдечен,изјави портпаролот на Блер.Британската агенција ПА укажува на тоа дека односите на Блер со досегашниот француски претседател Жак Ширак беа на климави нозе,а Саркози е доволно млад за да не биде идеолошки поврзан кон традиционалната германско француска алијанса во Европа.

Шпанија се надева на продолжување на добрата соработка со соседот,премиерот Хозе Запатеро новиот шеф на француската држава го опишува како способен политичар кој репрезентира отворени и модерни права.

Италијанскиот премиер Романо Проди исто така се надева на добра соработка меѓу неговата земја и Франција под водството на Саркози.