1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Паднаа првите признанија

31 октомври 2006

По откривањето на скандалот со германските војници во Авганистан кои сквернавеле посмртни останки на жртви, пристигнаа и првите признанија. И покрај скандалот нема промена на расположението кај народот во Авганистан.

https://p.dw.com/p/Ac23
Германски војници во Авганистан
Германски војници во АвганистанФотографија: AP

Тројца војници од касарната во Шлезвиг Холштајн признаа учество во скандалот, изјави генерал Кристоф Мунцлингер за весникот „Лубекер Нахрихтен“. Одговорните војници се каат за стореното дело. Досега се откриени вкупно дваесет активни и поранешни војници и против нив е покрената истрага. Армиски портпарол изјави дека се работи за тимови или подофицирски кадар. Двајца од обвинетите се суспендирани од работа, а поголемиот дел од обвинетите одамна не се во армијата.

Германските медиуми минатата недела објавија слики на кои се гледа како германски војници непримерно се однесуваат со посмртни останки на непознати лица. Дали овој скандал им прави проблеми во работата на војнците кои сега се дел од мисијата во Авганистан? Еден од војниците одговара:

„Напротив, луѓето кон нас се се попозитивно настроени. Постојано не поздравуваат, радосни се, а кога ништо не прават, значи дека ништо и не ги интересира. Не сме почуствувале никаква негативна реакција. Никогаш.“

И портпаролот на Бундесверот, полковник Михаел Бакхаус го потврдува ова:

„ И по откривањето на целата работа остана мирно. Тоа многу не радува. Но, сведоци сме дека, како во случајот со карикатурите за Мохамед, некогаш треба подолго време додека се откријат ваквите работи. Тоа се однесува и на Авганистан.“