1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пад на индексите на Вол Стрит

8 август 2011

Вредноста на акциите на берзата во Њујорк на почетокот од тргувањето денеска забележа значителен пад, но помал отоколку што се стравуваше откако во петокот за првпат во историјата беше намален кредитниот рејтинг на САД.

https://p.dw.com/p/12D4I
Вол СтритФотографија: DW

Клучниот индекс на акции на њујоршката берза Дау Џонс на почетокот од тргувањето забележа пад од близу два проценти . И останатите индекси на најголемиот пазар на акции во светот забележаа значителен пад на вредноста. Сепак по историскотото одземање на највисоката оценка за долгорочната кредитосспособност на САД од страна на рејтинг агенцијата Стандард и Пурс во петокот, многумина денеска стравуваа дури и и од крах на берзите.

Со загуби но без паника

Меѓутоа масовната распродажба на акции од која се стравуваше на европските берзи и покрај забележаните загуби изостана. Вредноста на водечкиот германски индекс ДАКС на берзата во Франкфурт на Мајна по воздржаниот почеток во меѓувреме падна на најниско ниво во последните 11 месеци. Претходните случувања на берзите во Азија веќе навестија загуби. Водечките индекси на берзите во Токио и во Шангај претрпеа пад од 2,2 односно 3,7 проценти.

Кризата се одрази и врз македонската берза

Негативниот тренд на светските берзи денеска се одрази и врз тргувањето на акциите на Македонска берза за хартии од вредност, при што клучниот индекс МБИ 10 се намали за 2, 81 проценти.
Сепак прометот денеска беше нешто поголем од вообичаениот Покрај МБИ10, пад имаше и индексот МБИД кој се намали за 1,88 насто.

Автор:СН/ЖА/ртр/дв/макфакс

Редактор: Жана Ацеска