1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан – протести

5 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C141

Пакистанската полиција насилно ги растури протестите против воведувањето вонредна состојба во земјата. Во Карачи полицијата уапси и 50-тина лица од редовите на опозицијата кои мирно протестираа пред зградата на судот. Поради напнатата ситуацијата САД ги откажаа редовните билатерални разговори околу воената соработка со Пакистан. Планираната посета на висока делегација на Пентагон е одложена до потполното смирување на состојбата, порача портпарол на американското Министерството за одбрана. Министерот Роберт Гејтс го повика пакистанскиот претседател Первез Мушараф што е можно побрзо да го врати уставниот поредок во земјата.

Премиерот Шаукат Азиз посочи дека вонредната состојба ќе биде што е можно пократка. Владата е решена да бидат спроведени најавените избори, но прашање е кога ситуацијата во земјата тоа ќе го дозволи, порача премиерот Азиз.