1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пактот со ѓаволот може да е и благослов

Мартин Загата9 мај 2007

Коментар на Мартин Загата

https://p.dw.com/p/AdrQ
Иан Пејсли
Иан ПејслиФотографија: AP

Контроверзниот лидер Пејсли со децении одбиваше секаква соработка со католиците во Северна Ирска. Тоа што сега 81 годишниот Пејсли се согласи на коалиција со политичките претставници на илегалната ИРА, ниту е знак на старост, ни причина за подбивање. Добро, Пејсли до неодамна им се закануваше на неговите сопартијци со исклучување доколку водат разговори со Шин Фејн, а сега во неговата влада има министер кого го нарекуваше терорист и убиец.

Но, Пејсли не ја продаде својата душа за да се дојде до сегашната коалиција. Тој попушти откако ИРА го предаде оружјето и се откажа од нејзината убиствена борба. Стариот премиер, успеа да добие од Шин Фејн конечно и признание на полицијата на Северна Ирска. Тој го стави на јавно гласање менувањето на курсот и со големо мнозинство доби за тоа благослов на избирачите. Тоа е успех и за британскиот премиер, Тони Блер, кој неуморно вршеше притисок да се дејствува.

Се разбира, иронија на историјата е тоа што сега токму Пејсли го враќа во живот Договорот од Велики Петок во 1998 година. Тој некогаш се бореше против овој договор со се‘ што му стоеше на располагање. Но, очигледно, само хардлајнер како што е тој на протестантскот мнозинско население може да му пренесе дека власта може да се дели со поранешните бомбаши, исто како што на католичка страна само Шин Фејн се чини е во состојба на католиците да им каже дека треба да се направи сојуз со Пејсли и да се соработува со полицијата. Тоа за двете страни е болен компромис. Многуте, сеуште отворени рани во Северна Ирска нема така бргу да зараснат.

Сепак, оној што сега предвидува дека ваквата коалиција наскоро ќе се распадне како бродот Титаник, кој исто така бил изграден во Белфаст, а потонал на првото патување, може да се излаже. Зашто, за разлика од последната влада во провинцијата, сега шефот на владата има многу повеќе компетенции за контрола врз министрите. Тоа, доколку се случат кавги во редовите на Шин Фејн, ја зајакнува позицијата на Пејсли. И, од друга страна, двете страни во реговорите направија толкави отстапки, што речиси секојдневно се нарекувани предавцници, па сега немаат друга алтернатива освен да направат се за коалицијата да не пропадне. ”Пактот со ѓаволот”, ако се употребата зборовите на Пејсли, за Северна Ирска може да се покаже како благослов.