1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палестина стана членка на УНЕСКО

31 октомври 2011

Израел остро го осуди приемот на Палестина, САД се закануваат со повлекување на средства

https://p.dw.com/p/132NO
Делегатите со овации го поздравија приемот на Палестина во УНЕСКОФотографија: dapd

Организацијата на ОН за образование, наука и култура, УНЕСКО, ги прими Палестинците како полноправен член, и покрај противењето на САД.

На генералната конференција во Париз попладнево за прием на Палестинците гласаа 114 држави, 14 беа против, меѓу нив и Германија. За одлуката да биде полноправна, Палестинците треба да го ратификуваат уставот на УНЕСКО. Одлуката претставува голема опасност за финансирањето на УНЕСКО, зашто САД можат да ги прекинат финансиските дознаки, а со 22 проценти покрај Јапонија и Германија, се најголем плаќач во буџетот на организацијата.

Во првата реакција, амбасадорот на Израел во оваа организација остро го осуди приемот на Палестина и се закани со мерки кон сите држави кои гласале позитивно за приемот.

„Овие земји прифатија научно-фантастична верзија на реалноста со приемот на непостоечка држава во научна организација. УНЕСКО треба да се занимава со наука, а не со научна фантастика“, изјави израелскиот амбасадор Нимрод Баркан.

Автор: ЖА/афп

Редактор: Борис Георгиевски