1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палестинци – изборен закон

3 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BawC

Претседателот на Палестинците Махмуд Абас со декрет го измени изборниот закон. Според документот, сите кандидати на наредните парламентарни избори мораат да го прифатат статутот на неговото движење ПЛО, кој на Израел му го признава правото на постоење. Овој потег на Претседателот се толкува како обид да им се отежне учеството на изборите на припадниците на радикалното палестинско движење Хамаз, кое одбива да го признае Израел. Официјални претставници на Хамаз веднаш го прогласија декретот на Абас за нелегален.