1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата апелираше за мир во Либија

24 април 2011

Папата Бенедикт Шеснаесетти денеска (24.04.2011) напладне во Рим ја објави Велигденската порака и го упати традиционалниот благослов „Урби ет орби“. Тој го честиташе празникот на 65 јазици меѓу нив и на македонски.

https://p.dw.com/p/113Cy
Папата Бенедикт ШеснаесеттиФотографија: AP

Кулминацијата на Велигденските прослави на римо-католичката црква се одржа денеска напладне на плоштадот Свети Петар во Рим. Папата Бенедикт 16 во своето обраќање по повод големиот христијански празник Велигден порача дека надежта за воскресението Христово мора да важи пред се’ на оние места на светот, каде владее сиромаштија и војна.

Папата апелираше за праведни општествемни системи во арапскиот свет

Во однос на насилството во Либија, поглаварот на римо-католичката црква се заложи за итно врaќање на дипломатска маса и изнаоѓање мировно решение за конфликтот, кое мора да гарантира пристап на хуманитaрната помош до цивилното население.

Die Gläubigen auf dem Petersplatz Vatikan Benedikt XVI Ostern 2011
Илјадници верници присуствуваа на Велигденската миса во ВатиканФотографија: dapd

Бенедикт 16 го повика и населението во арапскиот свет, кое од почетокот на годинава им се спротивставува на диктаторските режими, заеднички да формираат општествени системи. Во нив да нема сиромаштија и политичките одлуки да го имаат предвид почитувањето на човечкото достоинство, побара Папата. Бенедикт 16 изрази загриженост за немирите во Брегот на Слоновата Коска и се заложи итно да биде пронајден пат на помирување.

Велигденска честита традиционално и на македонски

Папата изрази солидарност и со јапонското население, кое пред повеќе од еден месец беше соочено со природните катастрофи и атомската хаварија.

На крајот на мисата Папата им го честиташе празникот на верниците на 65 јазици, меѓу кои и на македонски, а го упати традиционалниот благосолов „Урби ет орби“:

Велигденската цремонија на плоштадот Свети Петар годинава ја проследија околу 30.000 верници од целиот свет.

Автор: АТ/СН/епд/дв

Редактор: Симе Недевски