1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата: Да се помолиме за Македонија

ЖА
1 мај 2017

Папата Франциско повика на молитва и за сериозната политичка состојба во Македонија по насилните настани во македонскиот парламент минатата недела.

https://p.dw.com/p/2cBPx
Vatikan Papst Franziskus Ostermesse auf dem Petersplatz
Фотографија: Getty Images/AFP/T. Fabi

Папата Франциско, поглаварот на Римокатоличката црква, во неделното обраќање пред десетици илјади луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан, повика на молитва и за сериозната политичка состојба во Македија по насилните настани во македонскиот парламент во минатата недела. Папата инаку поопширно зборуваше за ситуацијата во Венецуела, барајќи конечно да се стави крај на тамошното насилство и земјата да ја надмине тешката хуманитарна, социјална, политичка и економска криза, која го исцрпува народот. Папата изрази загриженост поради големиот број загинати и ранети луѓе во Венецуела.

 

Папата Франциско: Да се помолиме за Македонија