1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата доаѓа на Светскиот ден на младите

18 август 2005

Папата Бенедикт 16-ти денеска треба да пристигне во Келн на Светскиот ден на младите. Првиот германски поглавар на католичката црква во последните 500 години ќе пристигне на аеродромот Келн/Бон и ќе биде поздравен од германскиот претседател, Хорст Келер и канцеларот Герхард Шредер.Попладнево, папата ќе патува со брод по реката Рајна и на нејзиниот брег ќе разговара со илјадници млади. На крајот на денот Бе

https://p.dw.com/p/AcDG
Плакат на Папата во Келн
Плакат на Папата во КелнФотографија: dpa - Bildfunk

недикт 16-ти ќе ја посети катедралата во Келн. За четиридневната посета на папата се подигнати мерките на безбедност на највисоко ниво. Авион за набљудување на НАТО од типот АВАКС го обезбедува воздушниот простор над Келн. Како младите го дочекуваат папата?

Младината од цел свет се слави себеси – од Келнската катедрала до железничката станица се протега шаренило од знамиња што ги носат учесниците на Светскиот ден на младите. Тие се во мали групи, пеат и плескаат – во средината гитара или тапани...

Црвено-жолто знаме до американското со ѕвезди – слики како овие не се ретки на Светскиот ден на младите – еден виетнамски пар се запознал со група од Калифорнија...

Сите се одушевени од извонредното расположение и ... толку е лесно да се запознаат нови луѓе. Запознавањето ги надминува и јазичните бариери. „Луѓе од секаде – Чешка, Бугарија, Шпанија, Виетнам и се разбира од Германија. Има многу Германци.“

Во центарот на Келн на многу места не може да се помине. Рано наутро и навечер за локалните сообраќајни претпријатија е голем предизвик да ги пренесат 400-те илјади учесници на Светскиот ден на младите до катедралата и другите места каде што има манифестации. Веќе првиот ден имаше поголем налет отколку што се очекуваше, вели портпаролот на Келнското сообраќајно претпријатие, Франц Волф Рамиен.

“Вчера беше преполно и тоа не донесе на границите на можностите, но ситуацијата не беше хаотична.“

За да нема хаос, во акција се луѓето што се грижат за редот. Така е и на железничката станица. Тие се грижат никој да не се најде преблиску до пругите кога доаѓа воз и се разбира за тоа да нема турканици при влезот во возовите.

“Се грижиме за тоа вратите да бидат зтаворени најбргу што е можно кога луѓето излегуваат и влегуваат за да може некако да се почитува редот на возење.“

Ангажирани се дополнителни возови и автобуси, но човек насекаде треба да смеат со тоа дека може да се случи доцнење. Овие учесници од Лондон наутро чекале два часа: “Има многу возови, но тие се сите преполни.“

Наместо со автобус или трамвај, некогаш е подобро да се тргне пеш, вели овој Германец: “Беше пекол – автобусите и возовите беа преполни до крајни граници, беше топло и затоа продолживме да одиме пеш.“